Влаховиќ не е прв стрелец, ама е прогласен за напаѓач на годината во Серија А
Тоа признание отиде во рацете на Душан Влаховиќ од Јувентус кој на коло пред крајот има 16 постигнати гола, осум помалку од Лаутаро. Интересно е тоа што Аргентинецот не се најде ни во топ-3 бидејќи зад Влаховиќ завршија Рафаел Леао од Милан и Пауло Дибала од Рома.
До крајот на сезоната има уште едно коло кое ќе се игра викендов, а Јувентус е во битка со Болоња за третото место.