
Влаховиќ и официјално во дресот на Јувентус (ФОТО)
Српскиот голгетер станува третиот најскап трансфер во историјата во рамки на зимскиот преоден рок, бидејќи „Старата дама“ за неговите услуги плати обештетување од 75 милиони евра. Поскапи трансфери направија само Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 135 милиони евра и Вирџил ван дајк од Саутемптон во Ливерпул за 85 милиони евра.