Влаховиќ ги игнорира Јуве и Бешикташ, се нуди на гигант од Шпанија!
Душан Влаховиќ до 30. јуни е под договор со Јувентус, и потоа слободно може да потпише за било кој клуб.
Сепак, до овој момент напаѓачот има само две понуди на маса – едната е од Јувентус за краткорочна соработка и плата од 8 милиони евра по сезона, а другата е од Бешикташ, пакет вреден 30 милиони евра на име на плата, бонуси и провизии.
Но, Србинот ги игнорира и Јувентус и Бешикташ, одбива да одговори на понудите. Како што пренесува Мундо Депортиво, тој на ум има трет клуб, и уште еднаш и се понудил на Барселона.
Сепак, „каталонците“ во моментов имаат други приоритети и не се заинтересирани за една ваква зделка. Целиот фокус на Лапорта и Деко е насочен кон Хулијан Алварез, кој е одбран како идеален наследник на Роберто Левандовски.
Вратата за Душан Влаховиќ можеби ќе се отвори подоцна во летото, особено доколку Феран Торес го напушти „Камп Ноу“.