Вест Хем испушти победа прoтив Њукасл и си го искомплицира опстанокот во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вест Хем пропуштија голема шанса да дојдат до нов триумф со кој полесно ќе „дишат“ кога е во прашање борбата за опстанок во Премиер лигата, откако денеска не успеаја да дојдат до победа против Њукасл и покрај тоа што на двапати имаа резултатска предност (2-2).

„Чеканите“ поведоа по само четири м-инути игра со голот на Антонио, но Алмирон му донесе израмнување на Њукалс во 17. минута.

Во второто полувреме, Саучек повторно му доенсе предност на Вест Хем со погодок во 65. минута, но радоста на гостите траеше само две минути, откако израмни Џорџо Шелви.

Со ова реми, Вест Хем сега има 31 бод и е во близина на опасната зона, додека Њукасл е сигурен со 43 бода.