Венгер си замина, очајот на „Емирати“ остана, па навивачите удрија по Емери (ФОТО)

„Венгер АУТ“ беше славната парола на навивачите на Арсенал во последните неколку години, која се појавуваше не само на „Емирати“, туку и на многу други фудбалски, а и спортски настани. И по 22 години, летово заврши ерата на Арсен Венгер во Лондон, ама на „Емирати“ остана фудбалскиот очај. Арсенал попладнево беше немоќен против Манчестер сити на официјалното дерби на наследникот на Венгер, Унај Емери.

Но, иако ова се само први 90 минути за Емери на клупата, навивачите нормално не се задоволни, па немајќи кон кој, го нападнаа шпанскиот кормилар со истата парола како и за Венгер – Унај АУТ.

Тешко може човек да им угоди на Англичаните. Долго години се бореа да го сменат Венгер и успеаа, па сега кога дојде нов, и тој не им чини.