Венгер ја призна најголемата грешка во Арсенал - Роналдо!

Арсен Венгер го заврши своето огромно поглавје во Арсенал, а по последниот натпревар се прости со големо интервју на клупската веб-страница. Зборуваше за сите убави работи во овие 22 години, но и за нешто што му останало како најголемо каење.

Покрај тоа што беше одличен фудбалски стратег, Венгер беше и менаџер за трансферите во Арсенал и тоа го правеше добро. Откри многу таленти, израсна големи ѕвезди како Тјери Анри, Денис Беркамп, Робин ван Перси, но за еден фудбалер ќе му остане жал што го пропуштил.

„Секако, станува збор за Кристијано Роналдо. Тој со мајка му дојде во Лондон и преговорите беа многу добри, речиси завршени. Меѓутоа, тогаш се јави Манчестер јунајтед, кој исто така го сакаше и тој замина на ‘Олд Трафорд’. Замислете каков само тим ќе беше тоа со Роналдо и Анри“, вели Венгер.

Она за што тој се кае е пристапот во преговорите. Од оваа перспектива смета дека можеле да понудат повеќе пари.

„Секогаш постои нешто што можете да направите поинаку. Меѓутоа, клучно во преговарањето е да знаете кога мораш, а кога не смееш да попушти. Со Спортинг се договоривме за околу 4,5 милиони фунти, а можеби можевме да платиме уште малку. Меѓутоа, Јунајтед понуди 12 милиони фунти и работата пропадна. Е за тоа ми е жал“, призна Венгер.

Роналдо дојде во Манчестер и со него оствои три премиерлигашки пехари и еден во Лигата на шампионите, пред да замине во Реал за 94 милиони евра.