Вчера потпиша нов договор со Ливерпул, денеска постигна деби гол (ВИДЕО)

Младиот 19-годишен фудбалер на Ливерпул, Куртис Џоунс вчера го продолжи договорот со клубот до јуни 2024 година, а денеска доби шанса од Јирген Клоп на натпреварот против Астон Вила во Премиерлигата.

„Црвените“ веќе ја имаат обезбедено титулата, па затоа менаџерот до крајот на сезоната ќе им дава шанса на младите фудбалер да почувстуваат премиерлигашки фудбал. Џоунс доби шанса на „Енфилд“ и веднаш врати со погодок со кој ги постави конечните 2-0 против Вила.