Варди си направи забава на „Етихад“: Лестер му даде пет гола на Сити (ВИДЕО)

Манчестер сити и Лестер одиграа натпревар со седум постигнати голови, а победата ја однесоа гостите со фантастични 5-2 во рамки на 3.коло во Премиерлигата.

Ријад Марез ги донесе „граѓаните“ во водство од 1-0 уште во четвртата минута со прекрасен гол, но потоа на сцена стапи Џејми Варди. Англичанецот прво израмни од пенал во финишот на првиот дел на 1-1, а потоа во 54-тата минута направи целосен пресврт за 1-2. Само четири минути подоцна зголеми на 1-3 повторно од белата точка. Џејмс Медисон во 77-та минута реализираше за 1-4. Нејтан Аке намали на 2-4 во 84-тата минута, а конечниот 2-5 ги постави Јури Тилеманс од пенал на две минути до крајот на регуларниoт дел.