Варан собра храброст и кажа што мисли за бомбастичното интервју на Роналдо

Кристијано Роналдо пред неколку дена имаше интервју со Пирс Морган во кое отворено го нападна клубот, неговите соиграчи и тренерот Ерик Тен Хаг за кој кажа дека нема почит затоа што не му давал минутажа на теренот.

По интервјуто на Роналдо, прв кој собра храброст за да даде некаква изјава е искусниот дефанзивец на „ѓаволите“, Рафаел Варан.

„Ова има влијание кон нас. Следиме што се случува и што се зборува. Се обидуваме да останеме мирни и не сакаме да се вмешаме во целата ситуација. Мора да држиме растојание кога станува збор за ѕвезда како што е Роналдо. Ние сме дел од тимот и тоа мора да го запаметиме. Тоа што го сакам е најдобро за клубот“, вели Варан.

Роналдо очигледно повеќе не е добредојден во Манчестер јунајтед, па од јануари најверојатно ќе мора да си бара нов тим.