ВАР спречи сензационално враќање на Штутгарт против Ајнтрахт

Еден од највозбудливите натпревари од почетокот на сезоната во Бундеслигата денеска го одиграа екипите на Штутгарт и Ајнтрахт, а на крајотт славеа гостите со 2-3.

Првата голема прилика за гол ја пропуштија домаќините кога Демировиќ по 20-тина минтуи игра не реализираше најстрога казна. Ајнтрахт до водство дојде пред крајот на првиот дел кога во листата на стрелци се запиша Екитике.

Гостите по десет мнтуи игра во вториот дел стигнаа и до втор гол, а стрелец беше Браун. Одличниот сезонава Мамаруш шест минути подоцна се погрижи за 0-3.

И во тие моменти изгледаше дека Ајнтрахт мирно ќе го приведе натпреварот кон крајот, но домаќините се разбудија во самата завршница. Прво Вагоман во 86. намали на 1-3-, а само четири минути подоцна Волтемад сстрела за 2-3.

Се тресеше мрежата на Ајнтрахт и по третпат, но голот на Фухрич беше поништен по реакција на ВАР, па Ајнтрахт ги освои трите бода.