Ван Нистелрој имал молба до ѕвездите на Јунајтед пред да го избркаат од клубот

Руд Ван Нистелрој го предводеше Манчестер јунајтед на неколку натпревари по отказот на Ерик Тен Хаг, по што се очекуваше да остане и да му помага на новиот стратег Рубен Аморим, меѓутоа такво нешто нема да се случи.

Аморим реши да му ја покаже излезната врата на Ван Нистелрој, а тоа не им се допадна на навивачите кои го критикуваа новиот тренер поради неговата одлука.

Ван Нистелрој, сепак, не се налутил и имал една молба до фудбалерите на клубот кои исто така биле на негова страна.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ван Нистелрој побарал од ѕвездите на премиерлигашот да му дадат поддршка на Аморим и  да не прават проблеми во соблекувалната.