Ван Дајк: Сите треба да се погледнеме во огледало - вклучувајќи ме и мене!

Актуелниот шампион во Премиер лигата, Ливерпул не личи на себе оваа сезона, синоќа загубија и од Брентфорд и го врзаа четвртиот пораз по ред во првенството.

Еден од головите на Брентфорд падна по непотребен фаул за пенал од капитенот Ван Дајк кој исто како и неговите соиграчи се вклопува во сивилото со лоши игри.

„Сите треба да се погледнеме во огледало вклучувајќи ме и мене“, вели Ван Дајк.

„Сигурен сум дека ќе излеземе од ова. Но нема да го направиме тоа само со зборување за тоа“.

„Фановите кои славеа со нас минатата сезона, треба да бидат со нас и сега“.