Јокиќ со трипл-дабл со повеќе асистенции од поени одново во историјата на НБА (ВИДЕО)
Пред него тоа им успеало само на легенди како Оскар Робертсон, Џери Лукас, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук. Иако не беше меѓу најефикасните во победата на Денвер нагетс против Феникс санс (133-111), српскиот центар повторно доминираше во сите сегменти – постигна 14 поени, собра 14 скока и подели 15 асистенции. Ова беше негов 166-ти трипл-дабл во кариерата.
Во другите натпревари, шампионот Оклахома Сити тандер, предводен од Хомгрен и Гилџиус-Александер кои заедно уфрлија 61 поен, славеше на гостувањето кај Атланта (117-100) и дојде до третата победа во низа. Возбудливо беше и во Филаделфија, каде домаќините славеа над Шарлот (125-121), додека Чикаго го совлада Орландо со 110-98. Вечерта ја обележа и блескавото деби на Седрик Кауард од Мемфис – 11-тиот пик на драфтот погоди шест тројки без промашување и со 27 поени го предводеше својот тим до убедлива победа над Индијана (128-103).
ФОТО: X / @basketusa