Неверојатниот Баерн Минхен изедначи рекорд од веќе заборавената 1992 година!
Баварците до триумфот стигнаа преку головите на Џошуа Кимих, Рафел Гереро и младиот Ленарт Карл, сите во второто полувреме. Натпреварот започна 15 минути подоцна од предвиденото поради доцнењето на автобусот на Баерн, но тоа не им пречеше на избраниците на Винсент Компани да ја потврдат фаворитската улога.
По осум кола во германскиот шампионат, Баварците имаат максимални 24 бода и импресивна гол-разлика од 30-4, убедливо на врвот на табелата. Со оваа победа, германскиот гигант го израмни рекордот на Милан од пред повеќе од три децении. Следната шанса за историја ја имаат во среда против Келн во германскиот куп, каде со нов триумф би станале единствен рекордер со 14 последователни победи.
ФОТО: EPA PHOTO
Победи на Баерн оваа сезона:
Суперкуп- Штутгарт – Баерн 1-2
Бундеслига- Баерн – Лајпциг 6-0
Куп- Вехен – Баерн 2-3
Бундеслига- Аугсбург – Баерн 2-3
Бундеслига- Баерн – Хамбургер 5-0
ЛШ- Баерн – Челси 3-1
Бундеслига- Хофенхајм – Баерн 1-4
Бундеслига- Баерн – Вердер 4-0
ЛШ- Пафос – Баерн 1-5
Бундеслига- Ајнтрахт Франкфурт – Баерн 0-3
Бундеслига- Баерн – Борусија Дортмунд 2-1
ЛШ- Баерн – Клуб Бриж 4-0
Бундеслига- Борусија М. – Баерн 0-3