Успешен старт за Артета: Арсенал со триумф ја отвори Премиерлигата (ВИДЕО)

Арсенал со солидна победа од 2-0 против Кристал Палас ја почна новата сезона во англиската Премиерлига.

На Арсенал му беа потребни само 20 минути за да го постигне првиот гол преку Мартинели, а асистент беше новото засилување за тимот на Артета, а тоа е Зинченко.

Кристал Палас имаше шанси да израмни, но не ги искористи, па нивната судбина ја „запечати“ Гуеи, кој си постигна автогол во 85. минута.