УЕФА ги менува плановите: Финалето во Лигата на шампиони ќе се игра на 15 август!

Пандемијата на коронавирус сè уште не стивнува во поголем дел од Европа, а ова ги принудува спортските работници да ја продолжат паузата на натпреварувањата.

Едно од прашањата што сега се поставува е што ќе се случи со Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а судејќи по се УЕФА се откажува од првичниот план.

Иако се надеваа во Нион дека пандемијата може порано да заврши и натпреварите да продолжат, па така го закажаа финалето во Лигата на шампионите на 27-ми и финалето на Лигата на Европа за 24-ти јуни, но од тоа верјатно неа да има ништо.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, оствари нова видео-средба со претставниците на сите 55 национални федерации и излезе со нов план, при што „Газета дело Спорт“ пренесува некои делови од состанокот.

Нема да биде лесно. Можеби станува збор за утопија, но сонот на УЕФА е како да се приврши со натпреварувачката сезона во Лигата на шампионите. Постојат индикации дека сезоната ќе биде продолжена до втората половина на август. Идејата е финалето во Лигата на шампионите да се одигра на 15 август. Следната сезона во европските купови во тој случај би започнала во октомври. Тоа е последниот предлог што ќе се дискутира на следната средба, пишува италијанскиот весник.