Удинезе водеше 2-0, но Џенова се спаси: Пандев со гол го најави ремито (ВИДЕО)

Џенова се избори за бод на гостувањето кај Удинезе во 97-та минута за конечни 2-2. Гостите губеа со 2-0 се до последните минути од натпреварот, но по влегувањето на Горан Пандев во игра работите на теренот значително се променија.

Удинезе имаше контрола на натпреварот до самиот финиш. Секо Фофана ги доведе домашните во водство од 1-0 во финишот на првиот дел поточно во 44-тата минута, кога убаво реализираше со глава по центаршутот на Родриго де Паул.

Илија Несторовски играше до 58-та минута од натпреварот за тимот од Удине, а во тој момент Горан Пандев влезе во игра. Кевин Лазања зголеми на 2-0 на „Фриули“ со прекраен гол во 73-тата минута. Тоа не беше крај на возбудувањата, бидејќи Пандев го намали резултатот во 81-та минута со убав гол од далечина, што го постигна со послабата десна нога.

До крајот Џенова притискаше и беше наградена со пенал во 97-та минута. Андреа Пинамонти ја презема одговорноста, но Хуан Мусо одбрана, а топката пак се одби до Пинамонти, кој не погреши од вториот обид и му донесе голем бод на својот тим.

Удинезе сега има 32 бода на 15-тото место на табелата , додека Џенова е една позиција над опасната зона со 27 бодови или два повеќе од Лече.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Бреша - Верона 1-0
Калјари - Аталанта 0-1
Парма - Фиорентина 1-2
Сампдроија - СПАЛ 3-0