Уапсени четворица Хрвати кои го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл!

Четворица хрватски државјани на возраст од 22, 27, 31 и 42 години се приведени во Англија, откако беа обвинети дека на 4 април го ограбиле најскапиот фудбалер на Њукасл, Александар Исак.

Британскиот инспектор Шон Форди кажа дека полицијата реагирала брзо по пријавениот грабеж на скапа облека, накит и автомобил кој потоа бил пронајден.

„Ова беше извонредна полициска операција која покажува дека нема да толерираме криминал во нашиот регион“, кажа инспекторот.

Исак е најскапото засилување на Њукасл во историјата, откако за 70 милиони евра пристигна од Реал Сосиедад.