Тухел ги израдува навивачите на ПСЖ: Нејмар ќе биде во составот против Дортмунд

Со осминафиналните натпревари меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул, односно Борусија (Д) и ПСЖ, продолжуваат натпреварите во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување - Лигата на шампиони.

Изминатите неколку дена се шпекулираше дека тимот на ПСЖ ќе биде ослабен со неиграњето на Нејмар во нокаут фазата, но сите шпекулации ги отфрли предводникот на парижани, Томаш Тухел.

Имено, тој истакна дека Нејмар ќе биде во првата постава на мечот против Борусија Дортмунд.

Нејмар е во ред и ќе игра утре, освен ако не му се случи нешто на тренинзите, истакна Тухел на денешната прес-конференција.

Инаку, Нејмар поради повреда во пределот на ребрата не играше на последните четири натпревари за ПСЖ.

Дуелот меѓу Дортмунд и ПСЖ ќе започне утре со почеток во 21 часот.