Тричковски останува уште две сезони во АЕК Ларнака под нови услови

АЕК Ларнака на нивниот официјален веб-сајт објави дека го продолжила договорот со македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски.

Управата на клубот потврди дека Тричковски ќе остане во клубот од Кипар барем уште две сезони под нови финансиски услови поради ситуацијата со Ковид-19, но повеќе детали засега не се откриваат.

Тричковски пристигна во АЕК пред четири ипол години и притоа одигра 110 меча во домашното првенство и постигна 67 голови, а тоа го прави и најдобар стрелец на тимот во европските натпреварувања.