Тричковски херој за АЕК Ларнака - со гол го урна АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски е херој за екипата на АЕК Ларнака бидејќи постигна гол за победа против АЕЛ Лимасол (2-1). Интересно е тоа што кога ќе постигне гол сезонава во кипарскиот шампионат, неговиот тим освојува три бода.

АЕЛ Лимасол имаше водство од 1-0 благодарение на голот на Риера во 24. минута, но веднаш потоа Макрис израмни на 1-1.

Во второто полувреме Тричковски доби една одлична топка, која ја претвори во трет гол сезонава за него и три бода за АЕК Ларнака.

Тричковски претходно стрелаше во натпреварите против Неа Саламис (2-1) и АПОЕЛ (3-0).

За екипата на АЕК заиграа уште двајца Македонци, а тоа се Даниел Мојсов и Стефан Спировски.