Тричковски го стресе Анортозис за триумф на АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковки ја продолжи неговата одлична форма во кипарското првенство откако денеска погоди против Анортозис за триумф на АЕК Ларнака од 2-1.

Анортозис постигна гол за предност од 1-0, по што домаќините израмнија на 1-1 во 60. минута, а набрзо Тричковски искористи едно додавање во казнениот простор и го матираше голманот на гостите за 2-1.

АЕК Ларнака се наоѓа на петтата позиција со 47 бодови, додека македонскиот фудбалер стигна до бројката од 13 голови сезонава.