Трето реми по ред за шампионот: Ајнтрахт си освои бод кај Баерн (ВИДЕО)

Германскиот шамион Баерн Минхен повторно се наоѓа во резултатска криза, откако вечерва одигра 1-1 против Ајнтрахт Франкфурт за трето реми по ред во Бундеслигата.

Баерн беше подобар противник на теренот и постигна гол за водство преку Сане во 34. минута, но Франкфурт во вториот дел преку Коло Муани си обезбеди реми (1-1).

Екипата на Нагелсман останува на првата позиција со 37 бодови, по што следи Унион Берлин со 36, Лајпциг со 35 и Фрајбурт со еден бод помалку во топ-4.