Тренерот на Ливерпул доби суспензија поради инцидентот на „Гудисон“ (ВИДЕО)

Раководството на Премиерлигата му изрече суспензија на тренерот на Ливерпул, Арне Слот на два натпревари поради црвениот картон кој го доби по мечот на „Гудисон Парк“.

Дуелот меѓу Евертон и Ливерпул го одбележа голема драма на теренот, кога фудбалери од двете екипи се степаа, а не остана мирен ниту тренерот Слот.

Судијата Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради тоа што го навредил и се однесувал агресивно кон него.