Тренерот на Леванте бесен поради Барди: Од авион ли директно да го ставам на терен?

Тренерот на шпански Леванте, Пако Лопез изјави дека е „бесен и нервозен“ поради одлуката на шпанската Ла Лига својот меч против Уеска ќе го игра денеска, само 48 часа после настапот на македонскиот репрезентативец Енис Барди во Германија и епскиот триумф на црвено-жолтите со 2-1 во Дуисбург.

Лопез е бесен и нервозен поради одлуката мечот да се игра денеска, со што практично нема да може да го искористи Барди во целост, од причина што практично од авион треба да го стави на терен.

„Не е нормално ова, во само 48 часа после патување на гости, а во пресрет на многу важен меч ние да не може во потполност да го искористиме Барди, зашто невозможно е тој да има рекуперација за толку кратко време. Не можам јас да ризикувам со него и тој да се повреди, зашто некој таму во федерацијата или тие што го правеле календарот не мислеле на ништо. Сега, јас мора да сум внимателен, а оттаму ми е овој бес, нервоза... Како да го подготвам за мечот“, рече Лопез.