Требаше да биде наследник на Модриќ, а сезонава одигра само 292 минути
Со оглед на неговата младост и квалитетот на хрватскиот ас, првата сезона требаше да биде прилагодување на средината, а оваа да го преземе местото во средниот ред. По третина од кампањата, тоа не само што не е случај, туку турскиот репрезентативец добива минутажа „на лажичка“ и без континуитет кој е исклучително важен за фудбалери на негова возраст.
Од друга страна, Модриќ на 39 години игра повеќе отколку минатата сезона до истиот период. Затоа, на 11 натпревари на кои се појави на теренот, Ѓулер собра вкупно 292 минути и се уште е без гол или асистенција во дресот на Реал. На последните шест натпревари вкупно одигра 35 минути, а во дуелите со со Селта, Борусија Дортмунд и Барселона на теренот помина само една минута и тоа против германскиот тим во Лигата на шампионите.
Анчелоти го објаснува тоа со големата конкуренција во тимот и нејасно е дали Турчинот ќе остане во екипата или ќе замине на позајмица.