„Треба да сте луди на напаѓач да му дадете бонус за постигнат гол! Зошто зема плата?“

Англискиот менаџер Хари Реднап, кој работеше во Вест Хем, Тотнем, Портсмут, Саутемптон откако ја заврши тренерската кариера пред две години (моментно има 72 години) и понатаму се чуди како клубовите на своите напаѓачи им даваат бонуси за постигнати голови.

Реднап во гостување во една емисија на Островото објавил дека бил запрепастен, кога врвен фудбалер кој го ангажирал (не сакаше да го открие кој и за кој клуб) го оставил со подзината уста кога побарал бонус за гол(ови).

„Инсистирав тогаш на еден трансфер и донесовме врвен напаѓач. Навистина беше одличен играч. Завршивме работа, мина сѐ како што треба и одеднаш тој вели: 'сакам бонус за секој постигнат гол'. Беше напаѓач и бара бонус за гол. Побизарно нешто не сум чул во животот дотогаш. Му реков: 'Зошто мислиш дека ти даваме 50.000 фунти неделно, за да не даваш голови? Немаше што да ми одговори. Па на напаѓачот за платата што ја зема работа му е да даде гол(ови) во неделата. Јас не разбирам како тоа се даваат бонуси за голови. Поголема лудост нема. Напаѓачот има задача да даде гол, тоа му е работа, за тоа е платен, па уште и бонус треба за такво нешто (?!)“, вели Реднап.