„Треба да им биде чест да играат за Јунајтед, гнилите јаболка ќе ги фрлам во корпа“

По доаѓањето на Оле Гунар Солшер на „Олд Трафорд“, многу работи се променија во Манчестер јунајтед. Тимот заигра на едно повисоко ниво, но за жал повредите на одредени играчи не му дозволија на Норвежанецот да покаже што знае и умее кога се во прашање менаџерските води.

Солшер овој пат најави дека ќе избегне купување „гнили јаболка“, а ќе инсистира на тоа новите засилувања да бидат самоуверени, но и смирени ако сакаат да играат во Премиер лигата.

Под капата на Солшер дојдоа неколку звучни имиња како Хари Мегваер, Даниел Џејмс и Арон ван Бисака уште во првиот трансфер прозорец, додека во текот на зимата пристигнаа и Бруно Фернандеш и Одион Игало, кои донесоа дополнителна сигурност во тимот.

Треба секој професионалец да се чувствува привилегиран што игра или ќе игра за Манчестер јунајтед. Треба да му биде срам ако на секој натпревар не го саде својот максимум. Ова е она што сега ќе го барам од играчите со кои потпишавме или ги земаме од Академијата. Тие мора да бидат добри луѓе и професионалци, затоа што „гнилите јаболка“ во корпата ќе ги направат и останатите гнили. Значи за мене, станува збор за изградба на тим што ја одразува личноста и ставовите на мојот тим. Секако, постојат стандарди затоа што сакаме да победуваме. Ние сме во овој бизнис да го правиме тоа. Но, првиот чекор да бидете играч на Манчестер Јунајтед е да бидете понизни и да знаете дека мора да работите напорно. Никогаш да не се откажувате и секогаш да давате се од себе. Потребни се 100 отсто напор секој ден и да не мислите дека сте подобри отколку што сте, изјави Норвежанецот.