
Трапановски е во завршни преговори со Данди - наскоро ќе потпише договор!
Тренерот на Данди, Џим Гудвин покажа голем интерес за Трапановски, а медиумите пишуваат дека двете страни се во завршни преговори, по што ќе бидат закажани медицински прегледи и ќе биде побарана работна дозвола за Македонецот.
Трапановски доаѓа во Шкотска како слободен играч, откако претходно му заврши договорот со македонскиот прволигаш Шкупи.