Toтнем сака Тудор да го замени со Италијанец - ќе го убедува со богат бонус!
Според информациите на островските медиуми италијанскиот стратег, Роберто Де Зерби е првата желба на лондонскиот клуб, меѓутоа наводно тој прво сакал да го почека крајот на сезоната за да види дали Тотнем ќе обезбеди опстанок.
Сепак, во Лондон се подготвени да му понудат богат бонус за останување во лигата, а исто така и дополнителен за потпис на договорот, со што веруваат дека би можеле да го убедат веднаш да ја преземе клупата.
Во северен Лондон веруваат дека Де Зерби е заинтересиран за работата, но ќе треба дополнително да се убеди за да ја забрза одлуката. Во меѓувреме со тимот работи Бруно Салтер кој ги води тренинзите, меѓутоа очекувањата се дека многу брзо може да биде назначен новиот предводник.