Бостон Селтикс втор од Истокот обезбеди пласман во плејофот (ВИДЕО)
Најголемиот дел од работата, Селтикс ја завршија во првото полувреме кое го добија со 63-49, па потоа само рутински ја задржаа предноста до крајот. Домашниот тим се покажа немоќен бидејќи во цело второ полувреме, само еднаш успеа да намали не едноцифрена негатива. За Селтикс тоа беше 50. победа оваа сезона, а во последните осум меча ќе се обиде да ја задржи втората позиција на која атакува и Њујорк Никс.
Хорнетс веќе го обезбедија пласманот во плејинот, но пропуштија шанса да се доближат до шестопласираната Атланта која бега три победи на седум меча пред крајот на основниот дел од сезоната.
Тејтум и Причард го предводеа Бостон, постигнувајќи повеќе од половина од вкупниот број поени на својот тим (60). Бол беше најефикасен кај Шарлот со 19.
РЕЗУЛТАТИ
Денвер - Голден Стејт 116-93
Оклахома - Њујорк 111-100
Њу Орлеанс - Хјустон 102-134
Бруклин - Сакраменто 116-99
Шарлот - Бостон 99-114
Портланд - Вашингтон 123-88
Торонто - Орландо 139-87
Индијана - Мајами 135-118
Милвоки - ЛА Клиперс 113-127