
Тонали ќе се „лекува“ од зависност од коцкање
Тој ја признал вината и се согласил да се запише на курс за лечење од зависност од коцкање што било препорака и од обвинителството кое го води случајот. Тонали е во центарот на вниманието на скандалот, заедно со Заниоло, Фаџоли и Залевски, но истрагата откри уште неколку познати имиња во италијанскиот фудбал.
На сите им се заканува суспензија до три години што, имајќи предвид дека станува збор за млади фудбалери, сериозно ќе го забави нивниот развој во кариерата.