Толку беше и од кариерата во Бешикташ: Кариус ќе биде седнат на клупа!

Лорис Кариус во последните денови од летниот преоден рок го напушти Ливерпул и замина во Бешикташ како позајмен со надеж дека ќе ја воскресне кариерата по ужасното финале во Лигата на шампионите, кога му подари два гола на Реал Мадрид во поразот на „црвените“ од 3-1.

Германскиот чувар на мрежата продолжи со киксовите и тоа на гостувањето кај Малме во Лигата на Европа, кога прими гол по еден центаршут дури од аут-линијата. Во таборот на турскиот тим се загрижени поради неговата незаинтересираност.

Од Бешикташ сметаат дека голманот повеќе се фокусира на социјалните медиуми и да објавува фотографии, отколку што мисли на фудбалот. Тренерот Шенол Ѓунеш сака да го седне на клупа за малку да го амортизира притисокот врз него по многуте критики кои ги истрпе последниот период.

Критики на адреса на Кариус доаѓаат од сите страни, поранешни фудбалери, навивачи и медиуми.