
Тим од 2 милиони евра, исфрли тим од 200 милиони евра! (ВИДЕО)
Ипсвич кој минатата сезона испадна од Премиер лигата, ја имаше една од најбизарните вечерви во својата историја. Беа исфрлени од тимот на четвртолигашот Бромли.
Мечот се играше на стадионот на Бромли кој собира само 1.300 гледачи. А тимскиот состанок на полувремето фудбалерите на Ипсвич го одржаа во својот автобус поради проблеми со водоводна инсталација во соблекувалната, пишува „Сан“.
По првото полувреме Бромли водеше со 1-0 со гол на Елевери. Рано во второто полувреме Ипсвич израмни со гол на Бен Џонсон, но тоа беше и конечниот резултат на мечот, 1-1.
Пеналите го решаваа победникот, а во нив подобар беше Бромли кој на крајот се радуваше на една од најголемите победи во својата историја.
Според информациите на „Трансфермаркт“, тимот на Бромли чини 2,43 милиони евра, а оној на Ипсвич е проценет на 199 милиони евра.