Тешко е за верување, ама статистиката не лаже: Мурињо е најдобар во историјата на Јунајтед!

Жозе Мурињо по големиот пресверт на Манчестер јунајтед веројатно за кратко се спаси од отказ во Манчестер јунајтед, по триумфот против Њукасл со 3-2 во вчерашното коло во Премиерлигата, но тоа не значи дека следниот лош резултат нема да донесе отказ.

Португалскиот контроверзен менаџер станува се помалку омилен кај навивачите, кои се свртеа против него откако Јунајтед за десет минути се најде во огромна негатива, а посебно легендите на клубот ги нервира неговото постојано алиби за секој неуспех и фактот дека никогаш вината не ја презема на себе.

Но, ако за нешто Мурињо од денеска е горд и радосен, не е победата со пресврт, туку една статистика, која на половина нема да им се верува. Имено, Мурињо барем статистички е најдобриот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед.

Иако нема освоено титула, има еден Куп, еден трофеј во Лига Европа и едно вицешампионско место, Мурињо статистички е подобар и од легендарниот сер Алекс Фергусон, под чија палка „црвените ѓаволи“ станаа најтрофен клуб во Англија, двапати беа европски прваци...

Педантните сттистичари на „Скај Спорт“ објавија дека со победата на Мурињо против Њукасл, тој стигнал за 0,2 отсто поголема успешност од Фергусон. Мурињо на клупата на „Олд Трафорд“ е трета сезона, за разлика од Фергусон кој мина повеќе од две децении како кормилар на овој великан.