Тер Штеген = Мегваер: Луд кикс на голманот на Барса за водство на Мајорка! (ВИДЕО)

Косовскиот фудбалер Ведат Муричи ја затресе мрежата на Барселона во осмата минута од натпреварот по лудиот кикс на голманот Марк-Андре Тер Штеген кој им ја подари топката на противниците.

Тер Штеген во стилот на дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, испрати додавање до противнички фудбалер, а казната стигна само неколку секунди подоцна кога Муричи ја испрати топката во неговиот гол за водство од 1-0 на Мајорка.