
Тер Штеген би можел долго да отсуствува - тоа е ептен добра вест за Барса!
Искусниот чувар на мрежата повторно чувствува болки во грбот, поради што сериозно размислува за нов хируршки зафат – сличен на оној кој го направи во декември 2023 година поради дискус хернија. Ова сценарио можеби делува лошо, но всушност е крајно позитивно за каталонскиот гигант.
Барселона би можела да го искористи неговото долгорочно отсуство за да не го регистрира за новата сезона, што ќе отвори простор за намалување на платниот список, со оглед што е една од најплатените во клубот. Со оглед на строгите ограничувања од финансискиот фер-плеј, ваквиот чекор би ѝ дал на Барса повеќе простор на трансфер-пазарот. Но, од друга страна, евентуалната операција ќе ја одложи и можноста за раскин на договорот со голманот. Клубот нема да може да се ослободи од него пред зимскиот преоден рок, што може да предизвика дополнителни потешкотии при регистрацијата на нови засилувања.
Односите помеѓу Тер Стеген и новиот тренер Ханси Флик се влошени, а Германецот веќе не тренира со првиот тим, туку индивидуално во фитнес сала. Тој нема да патува со Барселона на претстојната азиска турнеја, а прв избор меѓу стативите ќе биде новото засилување од Еспањол – Жоан Гарсија.
ФОТО: fcbarcelona.com