Тен Хаг не може глава да крене од пехови – уште еден дефанзивец му се повреди

Менаџерот на Манчестер јунјатед, Ерик Тен Хаг не може глава да крене од пехови, зашто остана без уште еден дефанзивец и тоа на стратот на силниот ритам со почетокот на Лигата на шампионите, откако во аут е и Арон Ван Бисака.

Ван Бисака се повреди на последниот меч во поразот од Брајтон со 1-3, па сега Тен Хаг едвај ќе крпи тим во следниот период, зашто не може да смета ни на Рафаел Варан, Лук Шо, како и Тајлер Маласија.

И од тоа што му преостанува, тука се Виктор Линделоф и Лисандро Мартинез, кој не е во добра форма, го има „дрвото“ Хери Мегваер на кого не смета многу, а единствени здрави бекови му се само Диего Далот и новото засилување Серхио Регулион.

„Ѓаволите“ веќе ги чека мега-дерби со Баерн Минхен на стартот на ЛШ, а Тен Хаг сѐ уште не може да смета и на Софијан Амрабат, кој исто така е повреден.