Тен Хаг: Не ми е грижа дали ќе добијам отказ!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека не е загрижен за гласините дека можеби ќе добие отказ по крајот на сезоната.

Манчестер јунајтед игра полоша сезона од претходната, тимот е нестабилен, далеку од она што го посакуваат фановите, а често во медиумите излегуваат шпекулации за можен отказ на Тен Хаг.

„Не ми е грижа за тоа. Мојот фокус е на процесот, да играме на нашето најдобро ниво“, вели Тен Хаг на прашањето за евентуален отказ.

„Во Манчестер јунајтед секогаш ќе има врева околу клубот, тимот, тренерот и фудбалерите“.