Тен Хаг: Манчестер јунајтед не е подготвен да се бори за титулата!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг повторно ги разочара навивачите со неговата изјава дека премиерлигашот не е подготвен да се бори за титулата во домашното првенство.

Тен Хаг утрово кажа дека има поддршка од сопствениците и ќе остане во клубот, но не треба да се очекува од него дека ќе се искачи на тронот за краток временски период.

„Јунајтед ја освои лигата во 2013 година за последен пат, односно пред 11 години. Навивачите очекуваат да победуваме во секој меч, но овој клуб не е подготвен за такво нешто. Почнавме да градиме нешто ново и првите чекори ги направивме минатата година, но никој не е задоволен. Очигледно некои луѓе не се реални, другите екипи имаат подобри состави од нас“, кажа Тен Хаг.