Тен Хаг го продава Мегваер за „само“ 30 милиони евра!?

Манчестер јунајтед на лето ќе го продаде англискиот дефанзивец Хари Мегваер, кој не ги оправда очекувањата по доаѓањето во поранешниот шампион.

Мегваер го загуби местото во стартниот состав на тренерот Ерик Тен Хаг, кој сака да се ослободи од Англичанецот.

„Ѓаволите“ за услугите на Мегваер платија дури 85 милиони евра, но сега ќе мора да го продадат за речиси трипати помала сума, односно за 30 милиони евра.