Тажна вест од Италија, почина легендарниот Тото Скилачи!

Легендата на италијанскиот фудбал, Тото Скилачи почина на 59 годишна возраст по долга борба со ракот.

Скилачи го носеше дресот на Месина, Јувентус, Интер и Џубило Ивата, а најголем впечаток остави со неговиот фантастичен настап за Италија на Светското првенство во 1990 година кога беше најдобар стрелец и прогласен за најдобар фудбалер на турнирот.

Таа година го освои и второто место во трката за Златната топка.