Таткото на Фати е лут: Зошто не игра Ансу? Прашајте го - Чави!

Таткото на Ансу Фати, Бори изрази големо незадоволство од ситуацијата на неговиот син во Барселона кој не е стандарден првотимец оваа сезона кај Чави.

Фати важеше за огромен талент, ја доби дури и десетката на Меси, но се почесто е на клупата за резерви отколку што е во игра.

„Пашајте го Чаци зошто не игра Ансу. Јас немам одговор. Чаци бара од него да работи напорно и тој работи напорно. Како татко сум разочаран. Дајте му шанса, зарем заборавивте кој е Ансу Фати“, вели таткото, Бори.

„Заслужуваме повеќе, Ансу е број 10 во Барселона. Тој играше многу кога беа Меси, Суарез и Гризман во Барса. Разочаран сум бидејќи сега добива 1, 2, 3 минути“.

„Мендеш ми рече дека во изминатите две години сме добиле големи понуди, но Барса не сака да го продаде. И тој сака да остане, но ќе видиме дали ќе биде така, зависи од тоа што планира Барселона. Ќе имам нова средба со Мендеш“.