Тадиќ се испофали: Ги искршив од ќотек насилниците!
Тадиќ во изјава за „Журнал“ потврдил дека инцидентот се случил на крајот на јули, по што објасни како ги истепал насилниците кои сакале да го ограбат.
„Да, вистина е, но сè заврши добро. Му удрив бокс во глава. Едниот падна двапати на земја. Можат слободно да дојдат и да се обидат повторно да ме ограбат“, вели Тадиќ.
За инцидентот зборувал и неговиот татко, Петар кој вели дека Душан не бил премногу вознемирен поради тоа што се случило.
„Секако, не му беше сеедно, меѓутоа Душан не беше премногу вознемирен. Играше потоа и на натпревар, а и тренираше без проблеми“, вели татко му за српските медиуми.