Сведок на несреќата на Антонио откри нови детали од сообраќајката

Англиските медиуми откриваат нови детали од страшната несреќа во која учествуваше фудбалерот на Вест хем, Мајкл Антонио.

Антонио го уништи автомобилот и заврши на операција поради која му се предвидува пауза од една година, а медиумите во разговор со еден од сведоците на сообраќајката откриваат нови детали.

„Дојдов до автомобилот за да проверам дали има некој жив. Антонио беше дезориентиран и ме праша: Каде се наоѓам, што се случи, во чиј автомобил сум?“, открива сведокот за „Мирор“.