Суспензијата на Погба ќе му заштеди на Јувентус 30 милиони евра!

Јувентус наскоро ќе почне разговори за раскин на договорот на Пол Погба кој доби четиригодишна суспензија поради допинг.

Според „Газета дело Спорт“, Јувентус прво ќе почека да види како ќе помине жалбата на Погба, а потоа ќе му го раскине договорот.

Со раскин на договорот на Погба, Јувентус ќе заштеди околу 30 милиони евра кои требаше да му ги исплати на Французинот на име на плати.