Судбината сакаше Консеисао дебито за Милан да го има против својот син!

На 30 декември Серџо Консеисао официјално беше назначен за нов тренер за Милан, своето деби ќе го има утре кога ќе се сретне со Јувентус во Суперкупот на Италија.

Судбината сакаше првиот меч на Консеисао за Милан да биде против неговиот син Франциско кој настапува за Јувентус.

22-годишниот Француско Консеисасо летото од Порто премина во Јувентус и веќе се промовира во еден од најважните играчи за Старата Дама. Досега одигра 13 меча на кои постигна еден гол, а имаше и три асистенции.

„Имам пет деца и секој ден комуницирам со нив. Франциско дома ми е син, но на теренот ќе ми биде ривал“, рече Сеџо Консеисао.