Суарез се расплака: Тешко ми е, но заминувам горд! (ВИДЕО)

Луис Суарез заминува од Барселона по шест години минати во клубот, а кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид, каде што ќе се обиде да докаже дека уште може да игра на врвно ниво.

Суарез се расплака на својата последна прес-конференција за Каталонците.

„Тешко е да се замине. Сонот ми се исполни кога дојдов тука. Свесен сум дека е крај на една ера, на која можеме да бидеме горди. На клубот му беа потребни промени и тренерот на мене не сметаше. Можам да кажам дека заминувам горд и задоволен по шест години“, кажа Суарез.