Каспер Руд е врвен тенисер, ама е и мајстор во фудбалско – жонглирање (ВИДЕО)

Норвешкиот тениски ас, Каспер Руд, кој во моментов е седмопласиран на АТП листата, во исчекување на стартот на мастерсот во Рим си најде занимација која веднаш предизвика интерес бидејќи ептен е добар во тоа што го правеше.

Тој покажа дека има чувство и за фудбалската топка, за што би можел да добие пофалби од сонародникот Ерлинг Холанд, норвешката гол-машина и ѕвезда на англискиот шампион Манчестер Сити. Дури и неговото име и презиме имаат фудбалски карактеристики, со спојување на имињата на данскиот фудбалер Каспер Долберг и од холандската легенда Руд Гулит.

Руд маестрално ја жонглираше фудбалската топка и тоа со повеќе делови од телото, со што како да му „фрли ракавица“ на Новак Ѓоковиќ, кој важи за најдобро фудбалски поткован меѓу врвните тенисери.