Стадионот на Баерн Минхен „гореше“ во чест на Саудио Мане (ФОТО)

Челниците на Баерн Минхен се презадоволни од фактот што го обезбедија потписот на Саудио Мане, доскорешната ѕвезда на Ливерпул, што го искажаа со начинот на кој го претставија Сенегалецот.

Тој беше претставен како ѕвезда од највисок ранг, а во негова чест дури „гореше“ и спектакуларната „Алијанц арена“.

Стадионот во Минхен целиот блескаше во црвена боја, во која беше испишано „Мане“, фудбалерот од кого се очекува да биде лидер во следните години на најтрофејниот и најквалитетен тим во историјата на германскиот фудбал.